Соопштение до јавноста

Потсетување за можноста за исплата на заостанатиот долг за вода на повеќе
месечни рати.
Ве известуваме дека акцијата за плаќање на заостанат долг на рати и без
камата трае уште еден ден, односно заклучно со 29.05.2018 (вторник). Ги
повикуваме сите корисници кои имаат долг, да ја искористат оваа можност.
Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат
заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) имаат
можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Физичките лица и правни лица може да го исплаќаат својот долг со
склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

Related Posts

About The Author